Далвина Тивер Вранец

0,75L Стаклена амбалажа

Вранец е стара сорта на грозје којашто се смета за една од најважните во Македонија од која се добива суво црвено вино со уникатен вкус и карактер. Младото вино од нашиот регион има јасна, длабока пурпурна боја и арома која обилува со тонови на црвено зрнесто овошје и овошни џемови. Неговата јака танинска структура обезбедува свежина и дава богато чувство на деликатно и продорно вино. По година или две стареење виолетовата боја се развива во интензивно темна црвена боја и во исто време се здобива со покомплексна арома која вклучува цимет, чоколадо, ликер, цветови, црно овошје, зачини па дури и дрво како што е дабот. Вкусот е суптилен, заокружен, полн, кој губејќи ја острината развива долг и префинет финиш.


Цена: 
325ден
© 2017 kupigorska.mk