Далвина Тивер Мерло

0,75L Стаклена амбалажа

Популарноста на Мерлото се должи на фактот дека е меко овошно, мазно, кадифесто вино со малку танини и многу побрзо созрева од другите вина. Нашиот стил-тип од ова убаво вино се карактеризира со многу ароми и вкусови. Некои од нив се: овошни ноти вообичаено асоцирани со Мерло како црна и црвена цреша, капина, црна дудинка, боровница и модра слива; зеленчукови и земјени ноти како црна и зелена маслинка, ореви, зелена бабура, лен, хумус, кожа, печурки и тутун; цветни и зачински ноти како зелен и црн чај, еукалиптус, нане, оригано, бор, рузмарин, жалфија и темјан. Ова вариететно вино, за големо задоволство, со стабилна структура и длабочина на вкусот, може да се консумира младо но исто така е добро и за стареење. Младото е секогаш добра придружба за сите видови кулинарски специјалитети.


Цена: 
325ден
© 2017 kupigorska.mk