Далвина Тивер Каберне Совињон

0,75L Стаклена амбалажа

Одгледано во нашето виногорје со совршена комбинација на почвата, сонцето, водата и нежните допири на ветрот, ова фантастично деликатесно вино во сјајни бои на темен рубин со виолетови преливи Ви нуди вистинско уживање. Вашето префинето сетило за каберне може да ги почувствува издвоените ноти на пребогатата лепеза од овошја како: црна рибизла, јагода, капина и боровинки. Вино кое што богато ја преполнува палатата со дарежливи слоеви на заводливите овошни ароми и дискретно-слаткастиот зачин на ванила. Одличната урамнотеженост на благите киселини и зрелите танини, која со текот на времето ги подобрува врвните карактеристики, го исполнува вашето битие со возвишено задоволство.


Цена: 
325ден
© 2017 kupigorska.mk