Далвина Деви Каберне Совињон

0,75L Стаклена амбалажа

ДЕВИ е десертно вино од доцна берба со карактеристична слаткост на ледено вино. Во неговите ароми се насетуваат зачини и билки, слатки и суптилни, но бујни овошни ароми на зрели малини и рибизли, сочни јаготки, суви јаболка, цимет, темни цреши и смокви. Ова несекојдневно темно-црвено вино наметнува сериозна слаткост на палтата. Под превезот на џемот од слива се провлекува топол карамел кој му дава посебен карактер. Најчесто се користи како аперитив, а понекогаш и во комбинирани пијалоци. Добрата придружба е на чоколадни десерти, свежо овоштие, пита со ореви или ореовки.


Цена: 
1.400ден
© 2017 kupigorska.mk