Политика за квалитет, безбедност на храна и животна средина
„Горска ДООЕЛ“ - Скопје е компанија која произведува пакувана изворска вода и безалкохолни пијалаци од 2004 година, земајќи ги во превид релевантните надворешни и внатрешни фактори и сите заинтересирани страни, се определува, во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ЖИВОТНА СРЕДИНА, која е во исто време рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, безбедна храна и животна средина.
Суштинската стратегија и цел на нашата компанија е подобрување на услугите и посветеност за задоволување на барањата и очекувањата на клиентите за обезбедување на квалитетен и безбеден производ, креирајќи вредности за заинтересираните страни и зачувување на здрава животна средина.
Остварувањето на оваа деловна ориентација ќе биде преку:
- Континуирано унапредување на перформансите на процесите и ефикасноста на системите за управување со квалитет, безбеден производ и животна средина во согласност со барањата на ISO 9001:2015, ISO 22000:2018 и ISO 14001:2015 стандардите, а воедно ги задоволува и барањата на купувачите.
- Креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон купувачите, со цел зголемување на нивната доверба, со намалени трошоци, оптимална потрошувачка на ресурси и профит на компанијата.
- Ориентирање и прилагодување на пазарот, со цел зголемено учество на истиот со квалитетен и безбеден производ, притоа водејќи грижа за животната средина.
- Посветеност за коректни односи со добавувачите заради исполнување на барањата на „ГОРСКА“ и добавување на репроматеријали со константен квалитет и потврдена безбедност на истите, со партнерите и вработените, развивајќи на тој начин заеднички интерес за унапредување на системите и миксот во бизнис опкружувањето.
- Редовна контрола на нашите производи од овластени и акредитирани институции, што овозможува безбедност на производите.
- Идентификување и елиминирање на сите ризици кои можат да предизвикаат закана за квалитетот, безбедноста на производот и животната средина.
- Перманентно го спроведуваме стручното оспособување на квалитетот на вработените на сите нивоа и нивна едукација (теоретска и практична) за подигање на свеста за производство на квалитетна и безбедна храна со посетување на интерни и екстерни обуки како и одржување на лична хигиена и животна средина.
- Водиме грижа за подобрување на условите за работа, опремата и знаењето на вработените за да произведат здрава и безбедна храна без негативно влијание врз животната околина, како и врз здравјето на купувачите и потрошувачите, следејќи ги сите закони за хигиена, здравствена заштита и животна средина.
- Континуриан мониторинг на CPP и верификација на HACCP планот со цел да се редуцира бројот на CPP.
- Воспоставување на методи за следење на ефикасноста на процесите заради евалуација на планираните резултати како и нивното влијание врз животната средина.
- Сите вработени имаат овластување да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности, од аспект на квалитетот и безбедноста на храната и заштита на животната средина.
- Соработка и консултации со државни, други институции и организации заради позитивен и ефективен придонес за општествениот развој и унапредување.
- Обезбедување на потребните ресурси за постигнување на очекуваните резултати, цели и проиграми за безбеден производ и квалитет на животната средина.
Со ваква стратегија „ГОРСКА“ во иднина ќе обезбеди стабилен развој, конкурентност на пазарот, ефикасност, сигурност и доверба кај нашите потрошувачи, а раководството со целосна одговорност ќе се посвети на спроведување на политиката и целите, како и мерките за постигнување на планираните резултати.
Оваа политика ќе биде редовно преиспитувана заради обезбедување соодветност и ефективност, разбрана и достапна за сите заинтересирани страни.