КОГА ТЕЛОТО ВЕЛИ: ВОДА!
Првото што го правиш наутро е подготовка на кафе? Обиди се водата да ти биде будилник.

Првото што го правиш наутро е подготовка на кафе? Обиди се водата да ти биде будилник. Сите имаме навики што ги обожаваме, но размисли и за навиките што треба да ги создадеш за и телото да те обожава тебе.
Во рубриката: „Здрави навики“ ти предлагаме неколку корисни совети. Иако летото бавно си заминува, сè уште има високи температура, а треба и да го подготвиш телото за трансформативниот период кога најбргу подлегнуваме на промените.
Еве што треба да одбегнуваш, на што да внимаваш и како да создадеш баланс.
За да можеш целосно да уживаш во денот и крајот на летото потребно ти е здраво тело! За таа цел одбегнувај: алкохол, пијалаци што содржат шеќер и кофеин.
Доколку и во летните периоди ги консумираш овие пијалаци, мошне е значајно да пиеш вода по секој од нив. Сите тие нè тераат да ја губиме водата во нас и доколку не ја надополнуваме може да се создаде проблем. Секако, ледот во чашата помага, но ништо не може да замени природна вода.
Кога денот прашува што ти треба, телото ти вели: вода. Не постојат магични пијалаци што ќе те одржат со полна енергија во топлите денови. Водата е најдобриот одговор за сè. Но колкумина од нас ја занемаруваат оваа потреба?
Кога ќе почувствуваш жед тоа значи дека твоето тело веќе некое време е дехидрирано. Затоа, пиј постојано. Жедта не е само чувство туку повик. Одговори му со Горска! На жените им требаат 2.7 литри, а на мажите 3.7 литри дневно вода.
Без разлика на тоа дали ја внесуваш оваа количина или не, треба да имаш предвид дека е потребно и да си го слушаш телото. А освен вода, тоа бара и рамнотежа.
Кога се потиме, телото губи и вода и сол. Затоа надополни ги еднакво со вода збогатена со витамини и антиоксиданси.
Грижата за себе значи грижа и за сите околу тебе.
Во секоја следна капка се крие најдобрата верзија од тебе!
