Прескокни кон содржината

НОВ МЕСЕЦ- ПОДОБРИ НАВИКИ

Октомври е месецот што ни носи промена на ритамот. Утрата стануваат посвежи, деновите пократки. Алармите, распоредите, состаноците и сите секојдневни обврски повторно стануваат дел од денот.

НОВ МЕСЕЦ- ПОДОБРИ НАВИКИ

Октомври е месецот што ни носи промена на ритамот. Утрата стануваат посвежи, деновите пократки. Алармите, распоредите, состаноците и сите секојдневни обврски повторно стануваат дел од денот. А кога веќе го планираме распоредот одново, добро е да направиме место и за неколку мали навики што можат да ни го подобрат денот. Еве ги нашите предлози:


Чаша вода наутро.

Пред денот навистина да започне. Добар момент да ја надополниме течноста што телото ја губи во текот на ноќта.


Малку движење секој ден.

Тренинг кога можеме, прошетка кога немаме време за тренинг. И краткото движење помага да го раздвижиме телото и да се почувствуваме подобро.


Шише вода секогаш при рака.

На работната маса, во автомобилот или во торбата. Кога водата ни е пред очи, многу полесно станува дел од секојдневната рутина.


Редовен сон.

Добриот ден почнува од претходната вечер. Редовниот сон му помага на телото да се одмори и полесно да се подготви за следниот ден и предизвиците што доаѓаат со него.


Грижа за имунитетот со Горска+ Имуно

Горска+ Имуно со ацерола и алое вера е функционална вода со витамини и антиоксиданси, создадена за секојдневието, а особено во периодите кога се менува сезоната.


И уште неколку подобри избори секој ден. Помалку шеќер, повеќе вода и малку повеќе свесност за работите што прават да се чувствуваме подобро. Не се потребни големи промени. Само неколку мали работи кои, кога ќе станат дел од секојдневието, ги правиме без размислување.


За водата, Горска нека ти биде најлесната навика.