МОВЕРМБЕР: БИДИ ПРОМЕНАТА ШТО САКАШ ДА ЈА ВИДИШ ВО СВЕТОТ
Да се грижиш за себе е најдобриот начин да се грижиш за другите. А грижата почнува од најосновното – водата. Таа е живот. Здравје. Емоција.

Да се грижиш за себе е најдобриот начин да се грижиш за другите. А грижата почнува од најосновното – водата. Таа е живот. Здравје. Емоција. Овој Мовембер биди промената што сакаш да ја видиш во светот. Мажите ретко зборуваат за себе. Само 23 % од нив одат на психолог. Само 1 од 5 мажи чита книги за самопомош. Душата им бара барем 3 минути искреност пред своите ранливи чувства, додека телото им бара 3 литра дневно.
Остави нè нас да се грижиме за вториот дел, а ти признај си ги своите чувства зашто да не го направиш тоа е исто како да не признаеш дека си жеден. Кога последен пат измери дали внесуваш доволно вода во телото дневно? Кога последен пат се прегледа или отворено ги кажа своите чувства? Чувствата немаат боја и вкус. Исто како и водата. И без двете не можеш. Па зошто да го криеш тоа? Онака како што се рециклираат нашите пластични шишиња, така можеш да се обновиш и себеси. Трансформациите се добри ако ја знаеш насоката кон која се упатуваш. Мовембер не е повик да ја пораснеш брадата, туку свеста. Да рушиш табуа. Напредувај во зна(ч)ењето! Овој ноември биди тој што прашува. Што зборува. Што се грижи.
Горска вода овој месец се посветува на машкото здравје – да го инспирира, да го поттикне кон позитивни промени, додека секојдневно се грижи за неговото тело. Мовембер е совршена шанса да ги обединиш здравото тело и здравиот дух!
