Почиста кожа
- Недоволната хидрација на кожата има тенденција да резултира со акни.
- Пиењето вода ни помага да ги отстраниме нечистотиите од кожата.
- Доколку не пиеме доволно вода, овие нечистотии мора да најдат нов пат за нивен излез, а тоа најчесто се нашите пори.
Подобро варење
Секојдневното пиење на вода му помага на вашето тело да ја свари храната многу полесно. За време на зимските месеци голема е веројатноста дека многумина од вас ќе покачат некоj килограм плус, па затоа пиењето вода ќе ви помогне во тоа да ја намалите тежината со правилно варење на храната која ја конзумирате.
Некои верувања одат до таму дека дека „мраз“ ладната вода помага за подобро согорување на калориите!
Енергија
Дали сте знаеле дека причина број еден за вашето лесно заморување во текот на денот е дехидрацијата? Доколку сте еден од оние луѓе кои уживаат во попладневна доза кофеин, воопшто не е ни чудно да сте дехидрирани. Недоволниот внес на вода ги успорува функциите на нашето тело и тогаш тие мораат да користат екстра енергија. Оваа причина да пиете повеќе вода ќе ви помогне да се чувствувате подобро за време на облачните и мрачни денови, кои се карактеристични за ова годишно време.
Се бори против вишокот килограми
Оваа причина ќе ве заштити од несаканите килограми зимава. Мозокот честопати погрешно ја интерпретира потребата за вода со потребата за храна, предизвикувајќи да јадеме повеќе од потребното. Доколку се чувствувате гладни кратко време по оброкот, можеби треба да пробате да испиете една голема чаша Горска вода пред да одлучите да посегнете по уште храна.
Детоксификација
Пиењето повеќе вода го детоксифицира телото и помага за исфрлање на вишокот нечистотии, со цел да нѐ одржи здрави и енергизирани. Како една од најважните причини да пиете повеќе вода, ова е особено важно за време на зимските месеци кога сме физички неактивни.
Поздрава и посветла кожа
Недоволниот внес на вода предизвикува дехидрација на кожата и телото. Остриот и ладен зимски воздух ја испукува кожата, додека пак сувиот воздух од греалките во нашите домови може да ја дехидрира и да потпомогне за затапување на бојата на лицето. За да го избегнете затапениот и сув изглед на кожата, конзумирајте повеќе Горска вода на дневна база! :)