ГОРСКА ДООЕЛ Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата страница www.kupigorska.mk во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб-страната www.kupigorska.mk. Се подразбира дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашата веб страница, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
Адреса: Ул. Шар Планина бр.4
Телефонски број: 076474277 / 075426184
Е-mail адреса: [email protected]
WEB адреса: www.gorska.com.mk
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.
www.kupigorska.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
ГОРСКА ДООЕЛ ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането.
Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија.
Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
ГОРСКА ДООЕЛ може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.kupigorska.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали. ГОРСКА ДООЕЛ на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. www.kupigorska.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели.
Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. www.kupigorska.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина.
Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
www.kupigorska.mk може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на која корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, www.kupigorska.mk не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.
www.kupigorska.mk го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница www.kupigorska.mk, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Северна Македонија.
За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница може, но не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци.
Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот е-маил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.
Со притискање на полето “КУПЕТЕ” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето „ПРИФАЌАМ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.
Рокот на испорака е во период од 4-5 работни дена, освен во случај на викенд денови или државни неработни денови.
Дистрибутивната мрежа на Горска Дооел пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку доставувачот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
Откако дистрибутивната мрежа на Горска Дооел ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на број 075426184 секој ден (освен недела или државни неработни денови) во период од 08:00 – 15:00 часот или да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нѐ контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку дистрибутивната мрежа на Горска Дооел. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected].
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата ГОРСКА ДООЕЛ се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедноста на податоците при онлајн купување, ја гарантира уплатата Халк Банка, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Податоци за вашата кредитна картичка не ни се достапни на нашиот систем во ниту еден момент.
По избор на купувачот (корисникот), врз основа на доброволна согласност, може до ГОРСКА ДООЕЛ да достави податоци и слики преку пополнување на формулар на нашата веб страна со цел добивање услуги и производи поврзани со нашата работа. Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб сервер на https://www.linode.com и се бришат по истекот на 30 (триесет) денови од денот на последната комуникација меѓу ГОРСКА ДООЕЛ и купувачот (корисникот).
Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од ГОРСКА ДООЕЛ, врз основа на писмено барање имате право:
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате било какви прашања или предлози од областа на заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: [email protected]
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе нѐ контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, www.kupigorska.mk има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку Халк банка што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Телефонски број: +389 71241930
Е-mail адреса: [email protected]
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.