Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, корисниците имаат право да поднесат барања поврзани со обработката на нивните лични податоци.
Подолу можете да ги преземете соодветните документи.
Со овој документ, субјектите на лични податоци можат да поднесат барање за запирање на обработката, како и за дополнување, измена или бришење на нивните лични податоци, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Пополнетиот документ се доставува до ГОРСКА ДООЕЛ Скопје, по што ќе биде разгледан и обработен во законски утврдениот рок.
Преземи документ – Барање за запирање на обработката на личните податоци.pdf
Со овој документ, субјектите на лични податоци можат да побараат нивните лични податоци да им бидат доставени во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат, или истите да бидат пренесени до друг контролор, во согласност со член 24 од Законот за заштита на личните податоци. Пополнетиот документ се доставува до ГОРСКА ДООЕЛ Скопје и ќе биде обработен во законски утврдениот рок.
Преземи документ – БАРАЊЕ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.pdf
Со овој документ, субјектите на лични податоци можат да побараат информации за тоа дали ГОРСКА ДООЕЛ Скопје обработува нивни лични податоци, кои податоци се обработуваат, за кои цели, на која правна основа и во кој рок се чуваат. Пополнетото барање се доставува до ГОРСКА ДООЕЛ Скопје, по што корисникот ќе биде информиран во законски утврдениот рок.
Преземи документ – БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.pdf
Овој документ содржи детални информации за начинот на обработка на личните податоци од страна на ГОРСКА ДООЕЛ Скопје, вклучувајќи ги целите на обработката, правниот основ, роковите на чување и правата на субјектите на лични податоци. Документот е изработен согласно Законот за заштита на личните податоци и обезбедува целосна транспарентност кон корисниците.
Преземи документ – Информации за приватност на субјектот на лични податоци.pdf
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.