Откако ќе ви биде доставена пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075426184 или да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот.
Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката на 075426184 секој работен ден од понеделник до петок во период од 08:00 – 15:00 часот. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој е менуван го испраќате преку нашата дистрибутивна мрежа. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected].
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, ГОРСКА ДООЕЛ има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку Халк банка, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Сите трошоци поврзани за поврат на производ одат на терет на продавачот.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.