Verificiran Badge

Новости

Четири фактори кои влијаат на чувството за жед

Image of Четири фактори кои влијаат на чувството за жед

Водата е есенцијална за животот на човекот. Човечкото тело се состои од 70% вода. Податоците од научните истражувања велат дека мозокот и срцето се состојат од 73%, белите дробови од 83%, кожата од 64%, мускулите и бубрезите од 79%, а коските од 31% вода. Без соодветното количество на вода телото не би можело правилно да функционира, а воопшто без вода телото може да издржи една недела. За да го одржите здравјето потребно е да внимавате на внесот на вода, па затоа ви посочуваме четири фактори кои влијаат на чувството за жед:

1. Возраст. Со текот на годините потребата за вода не се менува, но генерално кај луѓето се намалува чувството за жед со што се зголемува ризикот од дехидратација. Некои луѓе на возраст од 60 години нагоре и покрај физичката потреба за вода не чувствуваат жед. Тоа може да ги изложи на ризик поради несоодветна хидратација особено кога настануваат промени во околината како што е зголемување на температурата. Од друга страна пак постарите лица имаат зголемен ризик од прекумерна хидратација. Со стареењето на телото настануваат промени во функционирањето на бубрезите. Тие имаат намалена способност за задржување на натриумот со што несоодветниот внес на натриум заедно со вишокот на течност, може да предизвика прекумерна хидратација која може да биде опасна.

2. Внес на протеини. Една од клучните функции на протеинот е да ја „држи“ течноста во крвта. Луѓето кои не внесуваат доволно протеини не можат да го одржат соодветното ниво на вода во крвта. Несоодветниот внес на протеини може да предизвика зголемено мокрење, вртоглавици и подуеност. Кај луѓето пак кои внесуваат премногу големо количество на протеини значително се зголемува потребата од вода. Конзумирањето на дополнителни 100 грама протеини од просечниот дневен внес може да ја зголеми потребата од вода за околу 6 чаши. 

3. Алкохол. Познато е дека алкохолот има диуретичен ефект. Загубата на вода во телото зависи од конзумираното количество на алкохол и затоа со алкохолот пијте и вода. Се смета дека конзумирањето на стандардната количина на шише пиво, чаша вино или виски, ја зголемуваат потребата за внес на вода за околу 120 милилитри.

4. Хербални суплементи. Производите коисе употребуваат за намалување на тежината и надуеноста може негативно да влијаат на балансот на вода во организмот. Губењето на тежина многумина го сметаат за добро, но всушност загубата на вода во телото може да биде штетно. Некои хербални суплементи делуваат како лаксативи, а други како диуретици и значително влијаат на потребата од вода и минерали во организмот. 

Имањето во предвид на овие фактори ќе ви помогне да ја постигнете правилна хидратација, а нашата препорака е кога ќе почувствувате жед да посегнете по ГОРСКА! :)

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo