Verificiran Badge

Новости

Децата и хидратацијата

Image of Децата и хидратацијата

Хидратацијата е особено важна за децата. Земајќи ја предвид нивната телесна тежина, сосема логично е тие да имаат поголеми барања за вода отколку возрасните. Децата не секогаш ги препознаваат раните фази на жед, а тоа може да ги направи особено чувствителни на дехидрација во периодите кога имаат зголемена загуба на течности, како на пример, кога спортуваат или кога е многу топло. Дури и да станува збор за блага дехидрација, таа може да предизвика замор, главоболка, недостиг на концентрација, намалено вршење на ментална работа и сува кожа.

Колку вода треба да пијат децата?

Количината на вода која треба да ја внесуваат децата, во голема мера се разликува од фактори како што се возраста, полот, времето и колку тие се физички активни. Се препорачува децата на возраст од 4 до 13 години да пијат околу 6 до 8 чаши течност на ден.

На помалите деца им се потребни околу 150 милилитри вода.

Совети за одржување на хидратацијата на најмладите

  1. Децата треба да целат кон тоа да се хидрираат со обични, природни и незасладени пијалаци без адитиви;
  2. Почнувајќи од изутрина со појадокот, потрудете се да воведете од 6 до 8 чаши на ден, кои најдобро би било да бидат вода, млеко, овошни или зеленчукови сокови;
  3. Децата кои спортуваат или се изложени на топло време, треба да пијат повеќе вода за да ги надополнат дополнителните загуби;
  4. Одредени истражувања покажуваат дека добро хидрираните деца покажуваат подобри резултати на училиште;
  5. Некои деца имаат одбивност кон водата, затоа што таа нема вкус. За да го поттикнете внесот на вода преку забава, може да додадете мраз, парчиња лимон или пак да ставите некоја интересна пластична сламка за пиење J

Интересни факти за водата

  1. Кога ќе се родиме, водата сочинува околу 75% од нашата телесна тежина;
  2. Водата претставува околу 60% од телесната тежина кај поголемите деца и возрасните;
  3. Ние постојано губиме вода од нашите тела (преку физиолошките потреби, преку дишењето и потењето и тн...) па затоа мора постојано да ја надополнуваме со цел да не се доведеме до дехидрација;
  4. Водата му помага на нашето тело на многу начини, како:
  • Ги снабдува клетките со хранливи материи
  • Помага да се отстранат отпадните производи од нашите главни органи
  • Ни помага да ја контролираме температурата на нашето тело

 5. Водата е дел од сите пијалоци и храната. На пример, водата се наоѓа и во сокот од портокал и во млекото, во овошјето и зеленчукот, па дури и во сирењето!
 6. Може да преживееме неколку недели без храна, но само неколку денови без вода.

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2025 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo