Водата има важен ефект врз главоболките и нивото на расположение. Тоа е само уште една причина плус зошто експертите препорачуваат да се пијат осум до десет чаши од овој незасладен пијалак, кој не содржи јаглени хидрати, калории и маснотии, секој ден.
Па, еве два начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје со нејзината редовна консумација.
Пред да одлучиме да го отвориме кутичето со апчиња, треба да знаеме дека водата е добра опција за борба против главоболките и мигрената. Ова е така бидејќи најчесто и двете се предизвикани од дехидрација. Кога ќе се напиете неколку чаши вода, вашето тело и мозок се рехидрираат, а со тоа се ослободуваат и симптомите на болка.
Интересно е што водата е многу побезбедна алтернатива од голем број опасни лекови против болки. Никогаш не посегнувајте по апчиња, додека не се обидете да најдете некоја побезбедна и природна алтернатива.
Дали сте знаеле дека водата може целосно да ја промени состојбата на умот? Водата прави вашиот мозок да се чувствува добро и во исто време го снабдува телото со потребната енергија која ве одржува активни во текот на денот.
Енергетските придобивки од водата се огромна причина зошто атлетичарите ја консумираат во огромни количини. Колку повеќе енергија, толку повеќе сила за вежбање. Како резултат на тоа, многу од хормоните за среќа кои се поттикнуваат со вежбањето, се активираат во мозокот и го подобруваат вашето севкупно расположение.
Не заборавајте дека вашето расположение влијае директно на тоа колку продуктивни ќе бидете во текот на денот. Луѓето кои се добро расположени често искусуваат повисоки нивоа на продуктивност споредбено со оние со пониско расположение. Ова е тесно поврзано со тоа зошто луѓето кои страдаат од депресија често искусуваат недостиг на мотивација за правење нешта кои обично ги сметаме за пријатни. Тагата нѐ презема и мозокот ја губи волјата за возвраќање на ударот. Ужасно е, но се случува.
Згора на сѐ, консумирањето на вода често се поврзува со бројни други продобивки, како што се подобрена меморија, намален стрес, подобрување на когнитивните капацитети и подобро спиење.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.