Verificiran Badge

Новости

Колку вода е доволно вода?

Image of Колку вода е доволно вода?

Постојат многу различни мислења околу тоа колку вода треба да консумираме на дневна база. Нутриционистите и здравствените работници обично препорачуваат осум чаши вода на ден, што е еднакво на два литри вода. Меѓутоа, постојат одредени здравствени гуруа кои сметаат дека речиси секогаш се наоѓаме на раб на дехидрација и потребен ни е константен внес на вода во текот на денот, па дури и тогаш кога не чувствуваме жед. Како и сѐ останато, така и ова целосно зависи од поединецот и постојат многу внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на нашата потреба за вода.

 

 

Дали внесот на повеќе течности може да го зголеми нивото на енергија и да ја подобри работата на мозокот?

Многу луѓе тврдат дека доколку не останеме хидрирани во текот на денот, нивото на енергија и функцијата на нашиот мозок може да почне да страда. Еднo истражување за жените говори дека губењето на 1.36 % телесни течности после вежбање предизвикува опаѓање на расположението и предизвикува зголемена фреквенција на главоболки.

 

 

Но, постојат и многу други истражувања кои укажуваат на тоа дека благата дехидрација (1.3 % од телесната тежина) предизвикана од вежбање или топлина, може да резултира негативно врз функцијата на мозокот.

Дали пиењето на Горска вода помага во губење на телесната тежина?

Постојат многу тврдења дека потребниот внес на вода има ефект на телесната тежина и дека консумирањето на поголеми количества на вода директно влијае на зголемувањето на метаболизмот и го намалува апетитот.

Нашиот совет е:

1. Пијте вода секогаш кога сте жедни.

2. За да можете да се напиете секогаш кога ќе посакате, секогаш носете барем едно шишенце Горска вода со вас.

3. Кога ќе ја угасите жедта, престанете.

4. За време на вежбањето и високите температури, пијте повеќе Горска вода, Горска Спорт Л-Карнитин или Горска Спорт Изотоник за да го надополните изгубеното количество на течности и да го ревитализирате телото и да ги избегнете негативните појави кои произлегуваат од благата дехидрација.

Толку е едноставно! :)

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo