Треската е одбранбен одговор на нашиот имунолошки систем кој се бори против одредена болест. Нејзина цел е да создаде непријателска средина за причинителот на болеста и да му помогне на телото полесно да се справи со неа. Освен треската, исто така и при некои од следниве појави како што се: изгорениците од сонце, лековите и вакцините може да дојде до покачување на телесната температура.
Старото добро правило дека еден човек кој се соочува со треска треба да внесува многу течности, сѐ уште важи. Високите температури може да доведат до компликации, кои со соодветна хидрација може и да ги одбегнете. Покачувањето на телесната температура над 39 степени целзиусови е опасно и доколку не успеете да ја намалите, потребно е да побарате медицинска помош.
Една од главните причини за пиењето повеќе вода за време на настинка е одржувањето соодветна хидратација. Кога се потите, нормално е да се соочувате со зголемена загуба на течности, особено ако настинката е пропратена со повраќање и дијареа. Дехидрацијата може да ви ги влоши симптомите и да внесе уште поголема непријатност. Исто така, може да доведе и до посериозни последици како што се високиот крвен притисок и забрзаното срцебиење.
Доколку се соочувате со назална конгестија, многу логично е повеќе да дишите преку устата отколку преку носот. Оваа промена во начинот на дишење може само дополнително да го зголеми ризикот за дехидрација. Со дишењето преку устата лачите многу повеќе течност отколку со дишењето преку носот. Сувата уста може да ви ја влоши кашлицата или пак да ви предизвика хрчење и да ви го наруши одморот, кој му е потребен на вашето тело. За да го вратите дишењето во нормала, може да земете одреден назален деконгестив кој одговара на вашите симптоми.
Пиењето повеќе вода од вообичаено за време на треска е одлична компензација за течноста што не ја добивате од храната. Повеќето од луѓето кои се соочуваат со симптоми на настинка исто така се судруваат со намален апетит или зголемена потреба за спиење во нетипичен временски период, како на пример - за време на ручек. Дополнителниот внес на вода може да ви помогне да се осигурате дека примате доволно течности покрај недостатокот на храна (овошје, зеленчук) кои нормално би ги задоволиле вашите потреби за течност. Предноста кај водата е тоа што нема да го вознемири вашиот стомак доколку не јадете нормално.
Водата ви помага да останете пријатно разладени, а со тоа и покомфорни во врска со вашата треска која може да предизвика мноштво симптоми како: главоболка, болки во мускулите и добро познатото чувство на слабост. Пиењето на вода ќе придонесе за ладењето на јадрото на температурата и ќе ги ублажи ефектите на вашите симпоми. Треската сигнализира абнормална состојба за која вашето тело пробува да изнајде начини за да се врати во нормала. Со зголемувањето на внесот на Горска вода, му потпомагате на вашето тело да ги прими потребните течности со кои ќе го забрзате заздравувањето.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.