Verificiran Badge

Новости

Придобивките од енергетските пијалаци

Image of Придобивките од енергетските пијалаци

Првата придобивка е и повеќе од јасна. Енергетските пијалоци продуцираат чувство на подготвеност, будност и продуктивност

 

 

2. Стандардизирана количина на кофеин: Со кафето и чајот, износот на кофеин може да варира во голема мера и износите прикажани во нашата база на податоци се само просек. Кај енергетските пијалаци, постои стандардизирана количина кофеин во секое пакување и потрошувачите знаат точно колку кофеин внесуваат. Ова е многу корисно, особено за оние кои се обидуваат безбедно да ја менаџираат сопствената кофеинска навика.

3. Брза испорака на кофеинот: Бидејќи енергетските пијалаци се сервираат ладни, тие може да се консумираат многу побрзо од кафето од кое вообичаено отпиваме многу помали голтки поради неговата топла температура. Со брзата консумација допуштате кофеинот многу побрзо да влезе во вашиот крвоток.

4. Вкус: Чаевите и кафето не ги привлекуваат сите подеднакво, па затоа енергетските пијалоци се вистински избор за луѓето кои сакаат кофеин, но не сакаат кафе или чај. Енергетските пијалаци доаѓаат во многу вкусови и варијанти.

 

 

5. Дополненија: Покрај кофеинот, енергетските пијалаци од типот на Горска Мечка содржат и други корисни состојки како што се: таурин и витамини од групата Б, за кои се верува дека го засилуваат енергетскиот ефект.

6. Освежуваат: Бидејќи енергетски пијалаци се служат ладни и карбонизирани, тие на консументот му даваат чувство на освежување. За многумина, токму ова ги прави попривлечни од останатите кофеински пијалаци кои се служат топли и во комбинација со одредени млечни производи.

 

 

7. Побрзо закрепнување по вежбање: Многу спортисти преферираат да внесуваат ладни и лесни, пред топли и млечни пијалаци. Енергетските пијалаци придонесуваат за побрзо закрепнување после напорните тренинзи поради кофеинот и јаглехидратите кои ги содржат во својот состав. Токму затоа, следниот пат кога ќе почувствувате потреба за брзо враќање на енергијата по напорен тренинг – пробајте Горска Мечка! :)

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo