Шестмесечното истражување на American Journal of Epidemiology, направено врз 20.000 здрави мажи и жени на возраст над 38 години покажува дека жените кои пијат повеќе од 5 чаши вода на ден имаат 41% помали шанси да добијат фатален срцев удар од оние кои пијат помалку од 2 чаши вода дневно. Заштитниот ефект на водата врз здравјето на срцето е уште поголем кај мажите.
Од ова истражување дознаваме дека внесот на вода го детерминира ризикот од фатален срцев удар повеќе од било кој друг фактор. Со пиењето вода, здравите луѓе го намалуваат ризикот од смрт поради срцев удар речиси за половина.
Вашето тело е составено од приближно 83% вода. Мозокот и мускулите заземаат три четвртини, а коските дури 22% од целокупниот износ на вода во телото. Водата го потпомага секој еден метаболички процес во вашето тело, ги апсорбира хранливите материи и го отстранува токсичниот отпад.
Од друга страна, дехидрацијата може да подигне најмалку четири независни фактори на ризик за срцеви заболувања како што се: Вискозитет на целата ваша крв и крвна плазма, хематокритот и фибриногенот. Срцевите напади обично се случуваат рано изутрина кога крвта е погуста поради загубите на вода за време на спиењето.
Знаеме дека веројатно не сте многу загрижени околу срцевите удари, но доколку ви кажеме дека недоволниот внес на вода може да влијае на вашата дебелина, тогаш со сигурност ќе ви го свртиме вниманието! :)
Вистината е дека дури и кога сте благо дехидрирани, стрес хормонот кортизол се покачува за 1-2% и придонесува за наталожување на непотребни масти и ослабнување на мускулатурата, а со тоа се зголемуваат и шансите за развиток на разноразни срцеви заболувања.
Ако овие податоци ви се чинат конфузни, ќе се обидеме да сумираме: Пијте повеќе Горска вода и намалете го ризикот срцев удар! :)