Verificiran Badge

Новости

Улогата на водата во мозочните функции

Image of Улогата на водата во мозочните функции

Преку 70% од нашето тело е составено од вода и секоја функција во нашето тело зависи од неа, вклучувајќи ги активностите на мозокот и нервниот систем.

Водата и енергијата на мозокот

Мозокот е еден од најважните органи кој нѐ оддржува силни и нѐ снабдува со енергија. Потребни се околу 85 проценти, што е огромно количество на вода, за мозокот да функционира како што треба.

Водата го снабдува мозокот со енергија за сите мозочни функции, вклучајќи ги мислењето и процесот на памтење. Кога мозокот функционира со потребното количество на вода, тогаш сте способни за побрзо мислење, подобра фокусираност, ментална чистина и креативност.

Дневната хидрација не само што ќе ви помогне подобро да мислите, туку може да послужи и како превенција за нарушувањето поврзано со недостакот на внимание кај децата и возрасните. Битноста на причината за пиењето вода во текот на денот за добра мозочна функција, се состои во тоа што мозокот и нема друг начин на којшто би можел да прима вода. Кога губите повеќе вода одошто внесувате, тоа ќе се осети врз функциите на мозокот.

Водата и мозочните симпоми на дехидрација

Дехидрацијата предизвикува „исклучување“ на вашиот мозок и неможност за работa со полна брзина. Некои од менталните симптоми поврзани со дехидрацијата се: Чувство на ментална конфузија, попладневен замор, проблеми со фокусот, депресија, лутина, емоционална нестабилност, изнемоштеност, главоболки, проблеми со спиењето, стрес и недостаток на ментална чистина и острина.

Дехидрацијата исто така е познат фактор за деменција, а се верува дека соодветната хидрација може да спречи дури и алцхајмер, паркинсонова и одредени видови на склероза. Водата е од суштинско значење за обезбедување на хранливи материи во мозокот и за отстранување на токсините. Кога мозокот е целосно хидриран, размената на хранливите материи и токсини ќе биде поефикасна, а со тоа ќе обезбедите подобра ментална концентрација и будност.

Водата и предизвиците на мозокот

Воспалението на мозокот најчесто се поврзува со разни видови мозочни предизвици (особено повреди) и често резултира со неспособост на организмот да ги детоксифицира штетните материи кои се наоѓаат во мозокот. Кога телото е дехидрирано проблемот со детоксификацијата поврзан со воспалението, се влошува.

Слободните радикали како што се зрачењето, загадувачите, пестицидите и токсичните метали, поминуваат слободно низ изворите на снабдување со крв на мозокот и за да ги запрете многуте слободни извори на радикали кои го напаѓаат мозокот и предизвикуваат воспаленија, потребни ви се силни антиоксиданси и моќни антивоспалителни агенси.

Препораки за вода и функцијата на мозокот

Водата ја обезбедува есенцијалната енергија до мозокот, ги одржува нервните сигнали, обезбедува хранливи материи и ги отстранува токсините. Пиењето доволно вода на дневна база го одржува мoзокот снабден и полн со енергија за оптимална функција. Доколку сакате вашиот мозок да функционира добро и да прима и праќа сигнали до останатите делови од вашето тело, прво осигурајте се дека го внесувате потребното количество на вода. Покрај тоа, исто така многу е битно и каков тип на вода внесувате.

Ние ви препорачуваме тоа да биде Горска! :)

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Купи Горска   

Vendor Logo