Нема многу работи на светов што се поосвежувачки од голема чаша „мраз“ ладна вода. Веруваме дека не постои човек кој не би се согласил дека понекогаш една чаша вода може да нѐ задоволи многу повеќе отколку шолја кафе или пак лименка со газиран сок. Наспроти ова, многумина од нас не внесуваат доволно количество вода во текот на денот. Лишувајќи се од најприродниот ресурс на светот – водата, ние постојано ги оштетуваме сопствените тела. Ако се препознаете во некој од следниве показатели, ви препорачуваме веднаш да се напиете чаша вода! :)
Устата ви е сува
Можеби сето ова ви изгледа многу очигледно, но не и последиците. Се разбира дека секогаш кога ќе го почувствувате она лепливо, непријатно чувство во устата посегнувате по некоја течност. Но, имајте на ум дека засладените пијалоци се само привремено решение за еден поголем проблем. Пиењето вода ја подмачкува слузната мембрана во вашата уста и грло и продолжува да ја одржува устата влажна преку плунката долго после првата голтка.
Сува кожа
Кожата е најголемиот орган на нашето телото кој мора постојано да остане хидриран. Впрочем, сувата кожа е еден од најраните знаци за целосна дехидрација кој може да доведе и до многу поголеми проблеми. Помалку вода значи помалку потење, што пак резултира со неможност на телото да ги исфрли непотребните нечистотии и маснотии кои се насобрале во текот на денот. Доколку сакате да ги избегнете последиците, првото нешто што треба да го направите е да почнете да пиете повеќе вода.
Чувствувате жед
Секој кој што имал бурна ноќ вклучувајќи поголемо количество на алкохол, може да ви каже дека после тоа, вашето тело едноставно не може да се засити од вода. Алкохолот го дехидрира целото ваше тело, а пиењето вода испраќа позитивни сигнали до мозокот сe’ додека нивото на течност не се нормализира. Наш совет е секогаш да слушате што ви зборува телото, бидејќи тоа никогаш не греши.
Имате суви очи
Веруваме дека до сега дека ви стана јасно колку пиењето вода влијае на целиот организам, отколку само на устата и грлото. Недостигот на вода може да доведе до суви и крвави очи. Без доволниот внес на вода во телото, очните капаци стануваат суви. Можеби на шега ќе помислите „па што ако не можам да плачам?“, но недоволната хидрираност нанесува голема штета на очите, особено доколку носите контактни леќи.
Чувствувате болка во зглобовите
‘Рскавицата и ‘рбетните дискови се составени од 80 проценти вода. Водата е апсолутно неопходна за да ги зачувате коските од меѓусебно триење една со друга. Со одржувањето на хидрацијата на вашето тело, ќе се осигурате дека вашите зглобови можат да го абсорбираат шокот од ненадејните движења како што се трчање, скокање или лоши падови.
Забележувате намалување во мускулната маса
Вашите мускули, исто така, во голема мера се составени од вода. Нормално, помалку вода во организмот значи и помала мускулна маса. Пиењето вода пред, за време и после тренингот не само што ве одржува хидрирани и свежи, туку и спроведува вода до правите места на вашето тело и ја намалува можноста за развој на воспаленија поврзани со вежбањето и кревањето тежини.
Чести разболувања, кои траат подолго од вообичаено
Пиењето на вода му овозможува на вашето тело постојано ослободување од токсини. Нашите органи работат на начин којшто целовремено ги надополнува загубите на телото и ако не внесувате доволно вода, целиот тој процес не може да функционира правилно. Како резултат на ова органите на дехидрираното тело почнуваат да влечат вода од залихите на телото како што е крвта, што доведува до еден цел нов спектар на проблеми.
Се чувствувате уморно и летаргично
Како што веќе кажавме, кога телото е дехидрирано, позајмува вода од од крвта. Недостатокот на правилно хидриран крвоток доведува до недостаток на кислород во целото тело. Недостатокот на кислород доведува до поспаност и целосен замор.
Чувствувате мачнина во желудникот
Кога се чувствувате дехидрирано вашето тело почнува да мисли дека му треба храна. Ова се случува во текот на денот и преку ноќта кога ќе се разбудите и имате ужасна потреба нешто да „замезите“. Како и да е, внесувањето на храна создава повеќе работа за вашето тело, пришто водата ги прочистува вашите органи и ги надополнува со гориво што мора да пројде преку сите други процеси низ кои поминува телото.
Имате проблем со варењето
Претходно ја спомнавме слузината во устата и грлото и како останувањето хидриран и’ овозможува на мембраната да функционира правилно. Ова исто така се однесува и на целиот дигестивен систем. Без соодветна хидрација, количината и јачината на слуз во стомакот се намалува дозволувајќи и’ на стомачната киселина да ви наштети на желудникот. Ова доведува до она добропознато желудочно печење и проблеми со варењето на храната.
Предвремено стареење
Како што старееме, количеството на вода во нашите тела се намалува. Ова значи дека паралелно со старењеето, треба да го зголемуваме и внесот на вода. Додека предвременото старење е нешто што е повидливо однадвор, со време ќе ја почувствувате и штетата која се случила во внатрешноста. За да го намалите ризикот од губење на суровините на телото, многу е битно да продолжите да пиете вода во текот на целиот живот.
Го читате завршниот дел од оваа статија и сѐ уште се немате напиено вода
Пијте вода во секое време. Секогаш имајте шише Горска вода близу вас, без разлика дали работите или се релаксирате пред телевизорот. Доколку сѐ уште се немате напиено вода додека ја читате оваа статија – време е да наполните чаша Горска вода веднаш! :) Секако, не претерувајте, но дури и да испиете многу повеќе од потребното, шансите дека може да си наштетите, се еднакви на нула.