Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата.Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети, преферирани ланци на маркети а 3-та година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.“
Со особено задоволство би сакале да ве информираме дека “Горска Вода” е препознаена како најпознат бренд според потрошувачите во Македонија во категоријата Негазирана Вода за 2022/23 година. Истражувањето е спроведено во Ноември 2022 од страна на агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.
Ова признание е потврда за квалитетот на производите и успехот зад долгогодишната работа на компанијата ГОРСКА ДООЕЛ, како број 1 компанија на пазарот за природна минерална негазирана вода.
Деталите од истражувањето спроведено од страна на Инсајдер ИД, можете да ги погледнете и официјално, тука: https://insider.mk/istrazuvanja/mostrecognizablebrands2022/?fbclid=IwAR2...
Огромна благодарност до нашите драги и ценети потрошувачи, за довербата, велат од компанијата.