Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски оствари посета на компанијата Горска Дооел.
Во рамките на средбата посебен акцент беше ставен на мерката „гарантирана цена“ кон која се приклучи Горска.
Како општествено одговорна компанија, решивме да ја прифатиме иницијативата на Владата на Република Северна Македонија и да ги прилагодиме цените на дел од нашите производи кон Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало.
Еден од главните приоритети на Горска е грижата за нашите потрошувачи, па следствено на тоа секогаш ја создаваме стратегијата на компанијата во таа насока. Ја поздравуваме и ја поддржуваме оваа Одлука на Владата, а нашата компанија и во иднина ќе продолжи да ги креира ценовните политики согласно оваа иницијатива- - изјавија од компанијата.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.