Нешто кое многу често се занемарува е влијанието на водата и дехидрацијата врз здравјето на косата. Структурата на косата е составена од една четвртина вода, па недоволното пиење на вода може да придонесе за ослабување на влакното. Водата исто така помага вашето тело да ги исфрли непотребните токсини кои можат да бидат и тоа како голем фактор за косопадот.
Водата и хидрацијата
Сигурно досега сте слушнале дека редовното консумирање на вода помага за одржување на влажноста на вашата кожа и убавиот изглед. Косата е всушност сврзно ткиво на телото и го дели истиот состав како оној на кожата и ноктите на рацете и нозете. Недоволниот внес на вода во вашиот систем - резултира со дихидрација, а за многумина тоа значи и опаѓање на косата.
Факт е дека 75% од населението кое е дехидрирано е сосема несвесно за тоа. Некои од симптомите на блага дехидрација се:
- Чувство на замор
- Жед
- Намалено мокрење
- Сува кожа
- Главоболки
- Нередовна столица
- Зашеметеност и вртоглавици
Додека пак симптомите на сериозна дехидрација се:
- Екстремна жед
- Недостаток на солзи /суви очи
- Иритабилност
- Конфузија
- Неможност за мокрење
- Подочници
- Низок притисок
- Треска
- Забрзано срцебиење
- Сува кожа која не отскокнува кога ќе ја потегнете
- Екстремно сува уста
Прочистената вода (со обратна осмоза) не е добра за хидрација на вашата коса и тело. Дистилираната вода, исто така не треба да се конзумира повеќе од неколку месеци, бидејќи таа не ги содржи потребните минерали кои ги има природната изворска вода и во краен случај може да почне да ги филтрира овие минерали од вашето тело.
Доколку преферирате да пиете вода од чешма, препорачливо е таа да биде филтрирана со јаглероден филтер.
Калиумот е еден од главните јони во клетката чие значење е еднакво со тоа на натриумот во течноста надвор од неа. Овие минерали, кои Горска ги содржи во приближно еднаков процент, се одговорни за балансот на водата во организмот, односно, за одржување на осмотскиот притисок во клетката.
Единствениот баланс на калциум и магнезиум овозможува Горска да ве разлади и освежи, а во исто време да ги надополни изгубените телесни течности и да направи да се чувствувате здраво.
Горска вода со нискиот процент на застапеност на минерали и со концетрацијата на сув остаток од само 168 мг/л, се наоѓа на врвот на високо квалитетни нискоминерални води.
Огромната предност на Горска, во однос на другите води, е токму нејзиниот природно нискоминерален состав. Toj дозволува конзумација на водата во неограничени количини без непотребно оптеретување на организмот.
Многу е важно да внесувате доволно количество на вода. Просечниот возрасен човек треба да пие најмалку три литри вода секој ден, па дури и повеќе (доколку е топло или е физички активен).
Јадења и пијалаци кои го дехидрираат телото и косата
Откако дознавте кој тип на вода е најпожелен за пиење, и колку треба да пиете, добро е да знаете и дека одредени јадења и пијалаци предизвикуваат дехидрација. Некои од нив се:
- Газирани сокови
- Лимонада
- Шеќер и природни засладувачи
- Алкохол
- Кафе
- Лекови кои содржат диуретици